Милијардерот и технолошкиот титан Марк Кубан постојано слуша безброј деловни идеи благодарение на улогата на главен судија во хит-шоуто "Shark Tank". Кубан неодамна откри на која област во технологијата би се фокусирал доколку сега би започнал со нов бизнис.
Ако започнував со кариерата денес ќе ја изградев околу Alexa и Google Home, му изјавил на Питер Кафка на една конференција во Остин, Тексас.
Alexa е виртуелен асистент развиен од страна на Амазон, а Google Home е систем кој им овозможува на корисниците да можат да го користат виртуелниот асистент на Гугл со помош на својот глас.
Сите мислат дека кодирањето на овој програм е навистина тешко. Реалноста е поинаква и поради тоа во ова лежи голема можност. На своите деца сум им рекол дека доколку научите да кодирате, тогаш ќе можете да заработувате по 25, 30 па дури и 40 долари на час, рекол Кубан.
Друга област во технологијата каде Кубан гледа голема иднина е вештачката интелигенција. Тој истакна дека нејзиното влијание ќе биде многу подлабоко отколку што повеќето луѓе мислат во моментов.
Големото влијание на компјутерите и интернетот ќе изгледаат како џуџиња во споредба со влијанието што вештачката интелигенција ќе го направи. Ако тоа не го разбирате, ќе заостанете, истакнува Кубан.
Интернетот некогаш беше футуристичка идеја, а сега е потпора на секојдневниот живот. Кубан верува дека нешто слично ќе се случи и со вештачката интелигенција.
Ако не знаете како да ја користите и немате барем основно разбирање за различните пристапи и начини на кои работат алгоритмите, можете да останете слепи на начин на кој не би можеле да замислите, рече Кубан.