Користејќи ги проекциите за вработеноста и податоците за плата на американскиот Завод за статистика на трудот, Бизнис Инсајдер ги откри 30-те најдобро платени работни позиции кои ќе бидат најбарани во наредната деценија.
На листата доминираат економски, ИТ и медицински професии, а иднината изгледа добра и за менаџерите, лекарите, медицинските сестри и програмерите.
Ова е целосната листа:
30. Општи лекари
29. Стоматолози
28. Водоинсталатери
27. Лиценцирани професионални медицински сестри
26. Градежни управители
25. Медицински асистенти
24. Продажни застапници во големопродажба и производство
23. Наставници во средни училишта
22. Возачи на камиони и трактори
21. Компјутерски систем аналитичари
20. Градежни супервизори
19. Продажни услуги
18. Инженери за развој на системи
17. Физиотерапевти
16. Медицински сестри
15. Постдипломски медицински специјалисти
14. Наставници во основни училишта
13. Менаџер за компјутерски и информациски системи
12. Бизнис експерти
11. Раководители на медицински и здравствени услуги
10. Адвокати
9. Менаџери
8. Аналитичари и маркетинг експерти за истражување на пазарот
7. Лекари специјалисти, особено хирурзи
6. Аналитичари на менаџмент
5. Сметководители и ревизори
4. Финансиски менаџери
3. Генерални и оперативни менаџери
2. Програмери за развој на софтвер
1. Регистрирани медицински сестри