Возачите од ноќеска на полноќ ќе точат горива по цени кои бележат скок.
Согласно новата одлука на Регулаторната комисија бензините ќе се точат поскапо за 2,5 денари по литар а дизел горивата се зголемува за половина денар по литар.
Тоа значи дека резервоари ќе се полнат со бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 68,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за три денари и ќе чини 70,5 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство ќе се точат за 61, односно 49,5 денари за литар.
Мазутот пак ќе се точи за 3,375 денари.