Се чини ќе треба да почекаме неколку недели за вистински да уживаме во пролетта. По овие неколку врани рано-пролетни денови синоптичарите најавуваат дестабилизација, врнежи од дожд и услови за поинтензивни краткотрајни процеси во форма на невреме.
Во текот на денешниот ден и за време на викендот не очекува тмурно време. Облаците постојано ќе го прекриваат небото па сонце нема да видиме речи си воопшто.
И денеска и утре се очекуваат и врнежи од дожд, а во недела, услови за повремено разведрување во кое, сонцето можеби и ќе „ѕирне“ од некоја страна, но ќе има и услови за локализирани врнежи од дожд и грмежи кои на одредени места може да добијат поинтензивна форма.
Слично ќе биде времето и текот на целата наредна работа недела, со тоа што како се доближува идниот викенд така и ќе растат температурите. Кога сме кај нив, се очекуваат горе-долу стабилни температури кои ќе се движат од 16 до 19 степени во текот на овој викенд и целата наредна работна недела.
Некаде кон четврток се очекува разведрување и зголемување на температурите кои идниот викенд би требало да ни донесат високи 24 степени во Скопје и над 26 степени во јужните делови на Македонија.
Ако може да се верува на подолгорочните прогнози, тогаш во април многу сонце нема да има. И третата седмица од овој месец ќе биде со променливо време, повремени врнежи од дожд и од време на време по некој сончев зрак.