![ОВА Е ДОМ НА ИДНИНАТА КОЈ ЌЕ МОЖЕ ДА СИ ГО ДОЗВОЛИ СЕКОЈ](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/66/2ca4db66-resize-820x0x100.jpg)
Монтажна куќа која се склопува за само шест часа и чини нешто помалку од 30 илјади евра можеби е иднината на станувањето, односно преселувањето, со оглед на тоа што не постои побрза и поедноставна изградба на животен простор.
Оваа куќа по потреба може и да се сели, односно преместува, дури и откако веќе еднаш е изградена.
Зад оваа иновација стои компанија од Италија, а нејзиниот креатор е архитектот Ренато Видал.
Доволни се три лица за да ја склопат целата куќа во рок од 6-7 часа. Во зависност од квадратурата, цената се движи помеѓу 29 и 60 илјади евра.
Куќата е отпорна на земјотрес и има еколошки прифатлив капацитет со соларни плочи, ЛЕД осветлување…
Важно е да се напомене дека ваквите куќи можат да се градат секаде без конструција на бетонски темели.