Оваа година губиме неработни денови, но иста така и за возврат на тоа добиваме неколку споени викенди.
Еден од изгубените празници беше Бадник.
Неработни денови во 2019 година се:
За сите граѓани на РМ
- 29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
- 1 мај (среда), Ден на трудот,
- 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители,
- 4 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
- 2 август (петок), Ден на Републиката,
- 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден,
- 11 октомври (петок), Ден на народното востание,
- 23 октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба,
- 8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.
За граѓаните од православна вероисповед
- 6 јануари (недела), Бадник, ден пред Божик,
- 19 јануари (сабота), Богојавление (Водици),
- 26 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
- 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
- 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед
- 22 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
- 1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
- 25 декември (среда), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед
- 11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
- 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука,
За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
- 27 јануари (недела), Свети Сава,
За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
- 8 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите,
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
- 23 мај (четврток), Национален ден на Власите,
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
- 9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
- 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците,
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
- 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик