Извршниот уредник на Insider Inc., Џесика Либман, предизвика големо внимание по објавената статија во која зборува за едно единствено правило кога станува збор за вработување.
Откако интервјуирала стотици потенцијални вработени, таа напиша статија во која тврди дека непраќањето на мејл по интервју за работа е “грешка број еден“ што може да ја направи кандидатот кој е интервјуиран.
Според неа, секој кандидат, откако ќе го заврши своето интерјву треба да испрати порака со благодарност за издвоеното време бидејќи на тој начин може да си ги зголеми шансите за вработување.
За тоа, како што вели таа, постојат две причини.
Првата е во тоа дека на вашиот работодавач му давате повеќе информации за вашите квалитети: организираност, учтивост и добри манири. Тоа не гарантира дека ќе бидете добар работник, но дефинитивно истакнува дел од вашите карактерни особини.
Втората причина е во тоа што ја покажува вашата снаодливост да ги пронајдете сите потребни информации за да му испратите порака на регрутерот.