Нивната цел е да станат водечка дистрибутивна компанија за стока за широка потрошувачка на македонскиот пазар, нудејќи извонреден квалитет на производи и најдобри можни услуги.
Со сигурност може да кажеме дека се на добар пат кон исполнување на истата, ако ги земеме в предвид фактите дека испорачуваат над 7.5 милиони производи годишно, работат со над 3.500 продажни места, извезуваат во повеќе земји и работат приватни трговски марки за продажни ланци. Клиентите се во фокусот на нивното работење, но она за што се посебно горди се нивните вработени.
Вработениот е она што е најважно во секоја компанија. Само со работа во позитивна атмосфера, без страв и стрес, но со големи амбиции се постигнуваат најдобри резултати - велат во Мако Маркет...
Кои се Мако Маркет?
Мако Маркет е компанија за производство и дистрибуција на стока за широка потрошувачка, која постои на пазарот повеќе од 28 години. Компанијата дистрибуира интернационални брендови кои често се лидери на пазарот. Од веќе долгогодишно етаблирани брендови како Every day и Daipers, па се до сосема нови на пазарот како Essex и Ava, Мако Маркет го носи најдоброто до македонските потрошувачи. Затоа компанијата може навистина да се пофали дека дистрибуира производи со глобален квалитет, а најдобро локалното знаење. Компанијата во моментов има 155 вработени распределени во повеќе сектори на дистрибуција, продажба, производство, маркетинг и администрација со цел да се постигнат најдобрите резултати. Во период на динамична експанзија бројот на вработени секојдневно се зголемува.
Како се развиваше Мако Маркет?
Од дистрибутивна компанија Мако маркет прераснува и во производител во 2002 година кога компанијата го произведе својот прв чоколаден крем, наречен Виена. Со тоа започна ново поглавје на компанијата, во кое произведувањето на сопствени брендови стана подеднакво важно со дистрибуцијата. Набргу потоа се родија и брендовите Тазе пуканки, со 4 екстензии и Мое колаче, со 14 различни екстензии на колачиња и вафел производи. Освен сопствените брендови, Мако маркет произведува и приватни трговски марки.
Но, прогресот не застанува тука...
Во 2017 година Мако маркет стана дел од Агна групацијата, чија мрежа на компании е распространета во регионот. Со тоа уште повеќе се зголемија плановите на компанијата која наскоро се спрема да направи и сосема нов објект и да ги прошири и производствените и магацинските простории.
Вработениот е она што е најважно во секоја компанија!
Тргнувајќи од тоа дека вработените се она што е најважно за секоја компанија, во Мако Маркет многу се работи на корпоративната култура која е во основата на се. Освен основните вредности и столбовите на кои е се поставено, градењето на вработените продолжува и преку Мако Маркет академијата каде преку континуирани обуки со интернационални обучувачи се помага во професионалниот и личниот развој на вработените.
Како е да се биде дел од тимот на Мако Маркет?
Мако маркет функционира целосно по пропишани стандарди, почитувајќи ги сите законски норми, со квоти на годишен одмор колку што законски му следува на секој вработен, можност за бонуси на основа на таргети како и други придобивки. Компанијата негува позитивна атмосфера за работа, каде се верува дека без страв и стрес, но со големи амбиции се постигнуваат најдобри резултати. Впрочем, тука многу од луѓето работат со години, често и по повеќе од 15 години, што сигурно укажува на атмосферата за работа и на блиската релација меѓу вработените.
Биди во тек со сите активни огласи за работа во Мако Маркет - СЛЕДИ ЈА КОМПАНИЈАТА