Некои вработени работат на невообичаени работни места, па затоа е тешко да се одреди кои се нивните работни задачи.
Канцеларијата за борба против корупција и управување со квалитетот на Кантонот Сараево во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговија го претстави регистарот на вработените во јавниот сектор во областа на Кантонот Сараево, пренесува index.hr.
Интересно е што голем дел од јавните институции за кои се објавени платите имаат вработени од чијшто опис на работно место не може точно да се ореди со што се занимаваат.
Меѓутоа, со овој потег се обезбедува каква-таква транспарентност за тоа кој колку заработува во јавниот сектор.
И Македонија, како БиХ, има голем проблем со преоптоварениот јавен сектор. Според последните податоци, во јавниот сектор работат околу 139 илјади вработени.
Дали сметате дека и македонските градови треба да ги објават платите на јавните службеници?