Под влијание на многу топла воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка кон нашата држава од утре ќе услови значителен и брз пораст на температурите на воздухот кој особено од четврток насекаде ќе се искачат над 20 степени додека пак во најтоплите региони истите се очекува да се искаќат до околу 30 степени, анализира Славчо Поповски.
Сепак веќе од четврток и атмосферата нема да биде стабилна па така во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, атмосферата значително ќе се загрее па токму поради тоа ќе има услови локално процесите да бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме проследено со пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.
Поради силното југозападно воздушно струење како што веќе напоменавме и понатаму се врши и ќе се врши значителен транспорт на прашина и на песок од Сахара кон нашата држава па така таму каде ќе има врнежи истите ќе бидат помешани со сахарска прашина и песок.