Ворен Бафет – третиот најбогат човек на планетава зад себе има огромно животно искуство и непроценливи лекции за тоа како треба да го искористиме времето што ни е дадено.
Неговото животно мото е колку ќе дадете толку и ќе добиете, а на оние што лутаат барајќи ја смислата на животот им препорачува:
Грижете се за другите
Бидете грижливи, помагајте, споделувајте доколку знаете или имате повеќе. Доколку секој доволно се грижи за другиот во една организација, работата ќе тече ефикасно, опуштено, а креативноста ќе биде на високо ниво.
Практикувајте почит
Кога ќе покажете дека ги почитувате луѓето, почитта ќе ви биде возвратена. И најголемите лидери ги почитуваат своите следбеници, со тоа даваат до знаење дека сите луѓе се еднакви и поттикнуваат на меѓусебна соработка.
Верувајте во луѓето
Без меѓусебна верба, не е возможна ни соработка. Од вербата произлегуваат многу убави нешта. Бидете со отворен ум и срце, верувајте им на луѓето, а тие ќе го дадат најдоброто од себе.
Не плашете се
Кога стравот ќе надвладее ја потиснува креативноста, иновацијата и сето позитивно што може да се случи. Затоа не плашете се и бидете доволно храбри да и погледнете на опасноста во очи.
Извор: bi.mk