Состојбата со недостатокот на квалификувана работна силва во Словенија е влошена и изгледа полошо отколку пред кризата во 2008 година.
Агенцијата СТА објави дека во изминатите шест месеци речиси 50 отсто од работодавците во Словенија се соочуваат со недостиг од вработени, при што големите компании сочинуваат 70 отсто.
Според податоците од Бирото за вработување, дефицитот е најизразен во секторите угостителство (69%), градежништво (62%), социјална и здравствена заштита (62%) и производство (56%).
Голем број работодавци за да ја ублажат состојбата вработуваат странци, но бројот на луѓе од поранешните југословенски републики кои сакаат да работат во Словенија исто така се намалува.
Словенечките организации на работодавачи очекуваат од владата да ги забрза мерките за справување со овој проблем и да изготви стратегија за промовирање на економската миграција.
Генералниот секретар на Здружението на работодавачи на Словенија (ЗДС), Јоже Смоле, вели дека вработувањето на странски работници е еден од кличните начини за решавање на ова прашање.
Според Бирото за вработување, бројот на работни дозволи е зголемен од 14.811 во 2015 година на 18.049 минатата година.
Овие податоци не вклучуваат индивидуални дозволи за престој, од кои 1.180 биле издадени во 2015 година, а значително повеќе во 2018 година – 20.889.
Во првите четири месеци од оваа година, дури 9.693 странци добиле дозвола за престој во Словенија. Сепак, добивањето на овие дозволи автоматски не значи добивање на работа во соодветната административна заедница.
Најголемиот број на странски работници во Словенија доаѓаат токму од поранешните југословенски републики. Минатата година Словенија издала 16.596 работни дозволи за граѓаните на БиХ, 1.281 за граѓаните на Хрватска и 140 за граѓаните на Србија.