Дали знаете дека постои листа на вештини кои работодавачите ги преферираат без оглед на работната позиција за која аплицирате?
Се работи за меки фештини кои ви се потребни за да се прилагодите и успеете во новата работна средина. Покрај тоа, кандидатите мора да имаат и специфично знаење што ги прави компетентни за да извшуваат одредена работа.
Ви претставуваме седум најважни вештини кои на работодавачите им се важни во процесот на регрутација:
Аналитички вештини
Вработените мора да имаат аналитички вештини за да успеат на работното место. Нивото, секако, зависи од видот на работата. Освен своите аналитички вештини, кандидатите треба да ја демонстрираат способноста за организирање, планирање и приоритизирање.
Комуникациски вештини
За секоја работа е потребна ефикасна усна и писмена комуникација. Вработените мора да бидат способни да комуницираат со своите колеги, претпоставени, клиенти, онлајн или по телефон.
Интерперсонални вештини
Интерперсоналните вештини, или способноста за работа со луѓе, се вештините што ги користите за време на интеракцијата. Понекогаш кандидатите добиваат работа само поради тоа. Работодавачите обично ги оценуваат интерперсоналните вештини на кандидатите за време на интервјуто, па подготовката за интервјуто е од клучно значење доколку сакате да ја добиете работата.
Лидерство
Вештината на 21-от век. Лидерството е способност за успешна комуникација со сите бизнис играчи. Дури и ако не аплицирате за раководна позиција, способноста за водење на луѓе е многу важна.
Позитивен пристап
Ставот понекогаш знае да биде одлучувачки. Работодавците бараат вработени кои ќе останат позитивни дури и во стресни ситуации. Тие сакаат вработени кои се подготвени да направат се како би ја завршите работата.
Тимска работа
Работодавците бараат кандидати кои успешно ќе се вклопат во корпоративната култура, во што спаѓа и тимската работа. Запомнете дека ниту еден работодавач не сака да ангажира некој што ќе предизвика проблеми во канцеларија.
Технички вештини
Потребните технички вештини се зависни од работата за која аплицирате. Сепак, повеќето работодавачи во огласот за вработување бараат минимум технички вештини, како што е способноста за работа со компјутер.
За да бидете сигурни дека ќе бидете интересни и атрактивни за работодавците, пред интервју за работа, направете листа на вештини и квалификации што ги имате и кои најдобро го одразуваат вашето работно искуство. Вклучете ги во мотивациското писмо, размислете за примери кога сте ги покажале овие вештини и споделете ги истите со работодавачите.