Од 15 мај годинава во оптек ќе бидат пуштени банкнотите во апоен од 10 и 50 денари изработени од полимер.
Истовремено, ќе се изврши повлекување од оптек на книжните пари во апоен од 10 и 50 денари кои се употребуваат во моментов.
Согласно со оваа одлука, на денот кога ќе бидат пуштени во оптек книжните пари во апоени од 10 и 50 денари, изработени од полимер, книжните пари со истата апоенска вредност, коишто се во оптек од септември 1996 година престануваат да бидат законско средство за плаќање.
Нив, правните и физичките лица ќе можат бесплатно да ги заменат со други книжни и ковани пари со еквивалентен износ.
Замената на книжните пари, од 15 мај годинава до 15 мај следната година, ќе ја вршат деловните банки основани во Република Македонија, а по овој период, замената ќе се врши во Народната банка.