Возачите во Хрватска во последно време забележуваат константен пораст на цените на горивата кои од недела во недела се повеќе растат.
Поради тоа во Хрватска се почесто се прашуваат - кој е виновен?
Во однос на просечната висина на платата Хрватите спаѓаат меѓу граѓаните кои плаќаат скапо гориво. Тука е и државата која литар бензин го оптеретила со акциза од 3,86 куни, а дизелот со 3,06 куни.
Со ДДВ, давачките на државата надминуваат половина од малопродажната цена на бензинот па може да се очекува граѓаните на Хрватска се почето гориво да точат во евтината Босна и Херцеговина, Унгарија и Црна Гора, пишува Večernji list.
Бензинот е поевтин и во Србија, меѓутоа не и дизелот, а оние кои заминуваат кон средна Европа најисплатливо е да се запрат во Австрија каде цените на горивата речиси се идентични со оние во Босна и Херцеговина.