Најпопуларното превозно средство ќе може да се вози на велосипедски патеки и улици, но не и на тротоар.
Од сабота, возењето електричен тротинет низ улиците на Германија доби официјална дозвола, а почнувајќи од јули тие ќе можат слободно да се вклучат во јавниот сообраќај.
Целосните правила и прописи за нивната употреба ќе бидат објавени во петок, објави германското министерство за транспорт.
Електричните тротинети ќе можат да се користат од лица над 14 години на велосипедски патеки и улици, но не и на тротоари.
Електричните тротинети, исто така, мора да исполнат одредени технички услови: мора да имаат исправни светла и функционална свирка.
Пристигнувањето на електричните тротинети во европските градови отвори низа безбедностни прашања. Во вторникот, во Париз трагично настрада возач на електричен тротинет откако во него удри камион.