Скапите кирии се главниот проблем на многумина кои заминуваат да работат во Германија. Незадоволството на луѓето од ваквата ситуација секојдневно расте, а власта е немоќна да го запре овој раст.
Ваквото незадоволство оваа пролет резултираше со протест од страна на десетици илјади луѓе.
Бројките покажуваат дека во текот на изминатите пет години износот на кириите се покачил за неверојатни 11,4%.
Најскапите станови се наоѓаат во Минхен. Во овој град изнајмен метар квадратен во просек изнесува 18 евра. На второ место се наоѓа Франкфурт со 14,2 евра, а веднаш после него со минимална разлика е Штутгарт со 14 евра за метар квадратен.
Во главниот град Берлин, просечната цена е 6,72 евра. Со 4,64 евра за метар квадратен најповолен е Варстејн во Северна Рајна-Вестфалија.
Сакате да работите во Германија? Проверете ТУКА колку се платени најбараните професии.