![Трик со кој ќе ги разгазите чевлите за само 5 минути](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/59/a892a995-resize-820x0x100.jpg)
Која жена не сака да си купи нови чевли? Сепак, припадничките на понежниот пол често купуват чевли кои се малку тесни, но преубави, дури кога зборуваме и за најудобните квалитетни патики, ретко кој првиот ден ќе му мине без плускавци.
Но, со помош на фен, најомразениот проблем со чевлите ќе стане минато.
За да ги разгазите новите чевли и да спречите појава на плускавци ви требаат само неколку минути. Облечете чорапи, а потоа и новиот пар чевли. Вклучете го фенот и дувајте со топлиот воздух на местата кај што имате проблем.
Исклучете го фенот и останете во чевлите додека не се оладат. Материјалот ќе се рашири толку колку што нема да ви прават плускавци, и ќе станат меки и флексибилни.