Ако не размислувате за иднината, не можете ни да ја имате.
Тешко е да се предвиди што точно ќе се случува утре, следната недела или за пет години. Но, тоа е токму тоа што голем број работодавци може да ве прашаат на интервју за работа.
“Каде се гледате за 5 години?“ е прашање кое многу често се врти на разговорите за работа. Тоа прашање стана толку вообичаено, што речиси и да не постои човек на планетава кој не го слушнал на интервју, а како што пренесува Монстер, одговорот може да ви помогне да се издвоите од останатите кандидати.
Вашето CV ми кажува дали ги имате сите вештини кои се потреби за извршување на работата, но со помош на ова прашање можам да добијам подобар впечаток за тоа дали се вклопувате во корпоративната култура на компанијата, вели Џозеф Веснер, помошник-директор во Coughlin Printing Group.
За правилно да одговорите на ова прашање, следете ги овие правила:
Објаснете како вашите лични цели се совпаѓаат со целите на компанијата
Пред да одите на интервју, потребно е да ја направите вашата домашна работа која гласи: запознавање со работодавачот и начинот на работа на компанијата каде што сакате да се вработите. Тоа значи дека треба да истражите што е неговата мисија и визија – за да можете полесно да ги поврзете вашите лични цели и амбиции со тие на компанијата.
Сакаме луѓе кои се мотивирани да работат и кои се стремат да напредуваат во рамките на компанијата, вели Кертис Бојд, ко-основач и извршен директор на агенцијата Future Solutions Media.
Пример за одговор: Го ценам начинот на кој оваа компанија се грижи и ги развива своите вработени и се надевам дека за пет години ќе успеам и јас да управувам со сопствен тим и со тоа да придонесам кон раст и развој на мојот сектор.
Бидете амбициозни, но реални
Работодавците сакаат да ангажираат луѓе кои сакаат да се развиваат и растат во текот на својата кариера, меѓутоа, не претерувајте. Понекогаш, сакајќи да се прикажат во најдобро светло, работобарателите знаат да покажат преголема амбиција, која лесно може да се прочита од страна на работодавачот.
Тешко дека некој сака да ја слушне вашата желба дека за пет или шест години целите да бидете директор на компанијата и со тоа да го замените лицето што всушност ве интервјуира, вели Веснер.
Пример за одговор: Сакам да се развивам во менаџментот како би ги научил сите тајни на овој бизнис и би станал важен дел од оваа компанија.
Покажете желба за учење
Да бидеме искрени, добар дел од луѓето не знаат каде ќе бидат во следните 5 години, меѓутоа секогаш можеме да ја покажеме желбата за учење и развој во одредена област. Токму затоа, доволно ќе биде да покажете каде ја гледате можноста за напредок.
Можеби постои бизнис област што не ја разбирате целосно или пак сакате да ја промените. Или сакате да научите некој странски јазик со цел да комуницирате подобро со клиентите од странство. Што и да кажете, работодавачот ќе ја цени и препознае вашата желба за личен и професионален развој.
Пример за одговор: Мојата желба е да запишам курс од областа на сметководството со цел подобро да ја сфатам финансиската рамка во која компанијата работи.
Сакате да добивате слични статии и совети на вашата е-пошта?