Омилените дестинации за летување на туристите и понатаму се Грција, Црна Гора и Хрватска.
Сите ние во багажот сакаме да ставиме нешто за грицкање и омилениот пијалок, но има и такви кои се во состојба на море да го пренесат цел фрижидер.
Ова е точниот список на намирници кои смеете да ги внесете во воие земји:
Грција - 5 килограми свежо овошје и зеленчук, леб, кекс, чоколади, макарони, ориз, вода, сокови, 4 литри вина, 12 литри пиво, 1 литро жесток пијалок2% алкохол, како и 2 литри жесток пијалок со помалку од 22% алкохол. Можете да понесете и 2 килограми млеко во прав за бебиња, како и 2 килограми за домашни миленичиња.
Црна Гора - 5 килограми свежо овошје и зеленчук, 1 килограм сушено овошје, зеленчук, сушени печурки, кафе, како, чај, 1 литар жесток пијалок во оригинална амбалажа, 5 литри флаширана вода, 5 литри сокови и останати безалкохолни пијалоци, 1 килограм конзервирана храна.
Хрватска - 5 килограми свежо овошје и зелнчук, леб, кекс, чоколади, 2 килограми млеко во прав за бебиња, храна за бебиња и храна за посебни потреби, 5 литри вино, 16 литри пиво и 2 литри алкохлони пијалоци.