![Алармантна бројка: Половина од децата во земјава поминуваат од 5 до 9 часа на Интернет](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/d7/fa50767d-resize-820x0x100.jpg)
Анкетата на Агенцијата за електронски комуникации спроведена од 23 до 31 мај годинава даде загрижувачки бројки.
Според неа, 9% од малолетниците во просек дневно поминуваат повеќе од 9 часа на интернет, 41,2% од два до пет часа, а до два часа 36,1%.
Многумина не се свесни (56%) дека постои софтвер за родителска контрола што на децата ќе им овозможи безбеден интернет. Ваков софтвер имаат инсталирано многу мал процент од домаќинствата, односно 8%.
91% од испитаниците не знаат каде може да го набават овој софтвер, но 54% се заинтересирани да го инсталираат во иднина.