Дали платата од 7.000 евра ви звучи примамливо?
Работејќи на јахта, оваа сума може да се заработи на месечна основа, а тука е и бакшишот кој за три месеци може да изнесува 2.000 евра, пренесува b92.
Работата на јахти каде доаѓаат милионери дефинитивно звучи како работа од соништата. Големи плати, крстарења на Карибите и Медитеранот, сонце, море... меѓутоа реалноста е малку поинаква.
Најголемиот проблем е работното време кое во просек изнесува 13 часа, со прекин за ноќен одмор од 9 часа.
Барањата на патниците честопати се многу необични и захтевни. Правилата се ригорозни и нивото на хигиена е многу високо – се треба да биде сјајно и да биде во совршен ред, па креветите се местат речиси нон-стоп.
Работниците на една од овие луксузни јахти велат дека се чувствуваат како хирурзи поради работното време и паузата од само 2 часа (која е на хартија). Не постои класична поделба на работата, а работниците задолжени за хигиена многу често вршат и кујнски работи.
Од морето и сонцето нема ништо, но има плата од 7.000 евра.