Да се создаде и развие идентитет на бренд како ВИВА значи долги години обемна работа, труд, посветеност, ентузијазам, но и континуирано вложување во најсовремена технологија и тим од професионалци
Формирана во 1994 година, компанијата Вивакс оваа година одбележува точно 25 години постоење. Јубилеј кој го одбележуваат со над 50 производи во своето портфолио и со годишно производство од над 1000 тони сок.
Овие значајни бројки на кои се приклучува и бројот на вработени преку 100 лица, бара постојаност и посветеност во инвестирањето и во луѓе и во технологија. Во Вивакс велат дека тајната на нивниот успех е добро осмислениот развоен концепт, но и континуираното инвестирање во производствените капацитети и во квалитетот на производството. Вивакс е семејна компанија чиј почетоци биле со само два производи и 8 вработени лица. Со мал производствен капацитет, но со желби, идеи и пред се визија за многу повеќе, што низ годините ќе стане нивна основна цел.
Така, следејќи ги глобалните трендови во оваа гранка, Вивакс инвестираше во своите современи објекти, лоцирани во скопската општина Гази Баба, каде што е сместена линијата за асептичното (стерилно) производство на „Вива“ природните овошни сокови, нектари и пијалаци и линија за полнење во PET амбалажа, како и останати производствени капацитети опремени со најмодерна технологија.
Вложувањето и посветеноста на Вивакс им носи многу нагрaди што пак е потврда дека се лидери во она што го работат. Во 2016 година Вивакс ја доби престижната награда „The Licensed product of the Year award – 2016“ што ја доделува Disney, за производ на годината, согласно високиот квалитет и уникатноста на природните сокови за деца со ликовите на Frozen и Avengers.
Добитник е и на повеќе награди на меѓународни саеми и златни медали за квалитет. Од посебна важност за нив е сертификатот од „Интертек“, кој врз основа на извршената годишна ревизија за исполнување на стандардите за користење на Disney и Marvel лиценците, „Интертек“ на компанијата Вивакс и го додели минатата година.
Постигнувањето на највисоко ниво на квалитет за нивните производи го препознаа и купувачите на светскиот пазар, па така Вивакс денес ги извезува своите овошни сокови и нектари во повеќе од 25 земји ширум светот.
Од Вивакс велат дека секој нов чекор на компанијата и достигнат успех е резултат на успешното функционирање на целиот тим и вербата во заедничката работа и позитивната енергија.Токму за тоа внимателно и со посветеност ги одбираат новите членови на тимот за кој постојано има потреба токму поради растот и развојот на компанијата.
Овој пат Вивакс има потреба од Финансиски директор кој ќе ги управува, планира и контролира сите инвестиции на компанијата, ќе ја раководи и организира изработката на годишниот финансиски план и буџетите во компанијата и ќе ја раководи и координира работата на вработените во секторот. Повеќе детали може да прочитате на ЛИНКОТ.
Отворена е и позицијата Раководител на сметководство, за која бараме кандидат со Економски факултет и уверение за овластен сметководител. АПЛИЦИРАЈТЕ НА ЛИНКОТ.
Бидете и Вие дел од Успесите на Вивакс !