Пред интервјуто за работа најголемиот дел од луѓето темелно ја проучуваат компанијата во која аплицирале да се вработат, размислуваат каква облека да облечат и сите вообичаени работи кои се сметаат за подготовка пред интервју.
Меѓутоа, постои една работа која одреден дел од жените ја прават непосредно пред интервјуто за работа, а тоа е отстранување на венчалниот прстен од раката.
Според истражувањето на Credit Angel тоа го прават една третина од жените. Имено, 29 проценти од кандидатките за работа се плашат дека поради својот брачен статус ќе бидат дискриминирани.
Дополнително, Credit Angel во своето истражување покажува дека жените работат дури 29 неплатени работни часови што е за 13 часови повеќе од мажите – само 16 неплатени работни часови.
Освен тоа, 59 проценти од работодавачите сметаат дека кандидатките на интервјуто на работа треба да соопштат доколку се трудни, а 46 проценти од нив сметаат дека е во ред на интервјуто за работа да ги прашаат дали имаат мали деца.