Континуиран напредок и имплементација на светските трендови во поштенските услуги, навремена, безбедна и квалитетна достава на пратки, максимално задоволство на нивните клиенти, но пред се, грижа за тимот на вработени се вредностите кои се темел на Пост Експрес
Тие со крупни чекори ја исполнуваат својата визија да служат како пример за останатите компании, а на тоа ја додаваат и општествената одговорност. Со цел да придонесат за почисто Скопје, својот возен парк го збогатија со брендирани еколошки „зелени возила“, со што се единствена пошта со возила на електричен погон во земјава.
„Ние во Пост Експрес Македонија имаме за цел да создадеме сигурна мрежа за достава врз која ќе се темели пазарот на иднината. Голем дел од оваа визија, меѓутоа, зависи од вработените и нивните способности. Колку побрзо го изградиме тој мост на доверба и соработка, толку полесно ќе се движиме напред.“
Дали и вие сакате да им се придружите на нивниот пат кон целта? Аплицирајте за некоја од отворените позиции и станете дел од тимот!