Постојат многу правила за тоа како треба да се подготвите за едно интервју за работа, но и што да зборувате. Има работи кои се неприфатливи да ги кажете додека сте на "жешкото столче", но има и такви кои можат да ве одведат во спротивна насока и да ве направат непосакуван кандидат.
"Тоа што го правам е неверојатно"
Да кажете дека сте добри во вашата работа не е доволно. Во вакви ситуации најдобро е да му дадете шанса на интервјуерот сам да донесе заклучок дали сте добри во тоа што го правите. Ова ефект најдобро ќе го постигнете преку давање на конкретни примери кои ќе ги отсликуваат вашите вештини. Запомнете: Вашата цел е да покажете, а не да кажете.
"Не сум добар во тоа, но..."
Никогаш не започнувајте го разговорот со оваа реченица. Наместо тоа, преформулирајте ја во "Немам многу искуство во оваа област, но би сакал/можел да научам". На овој начин ќе покажете дека сте искрени, но и дека сте спремни за учење на нови работи. Тоа секако ќе биде голем плус за вас како кандидат.
"Можам да почнам веднаш"
Дури и да се спремни да започнете веднаш со работа, не го кажувајте тоа. Претставете се во најдобро светло, но дадете им до знаење дека може да имате и други опции. Доколку веќе сте во работен однос, не кажувајте дека можете да заминете што поскоро. Спомнете дека имате проекти што сакате да ги завршите пред да заминете од компанијата.
"Мојата слабоста е што сум перфексионист"
Не зборувајте за себе дека немате ниедна маана. Оваа реченица веќе одамна не остава добар впечаток кај потенцијалните работдавачи. Најдобро е да спомнете некоја ваша слабост и како сметате дека конкретната позиција ќе го промени тоа.
"Немам прашања"
Немањето прашања може само да ви донесе "негативни поени". Поради тоа, секогаш на крајот од интервјуто треба да имате прашања. Тоа ќе покаже дека сте доволно заинтерсирани за позицијата. Меѓу другото, ќе оставите впечаток на доволно сериозна личност.