Рејтингот на брзината на гумите ја покажува оптималната брзина што гумата може да ја одржува со текот на времето. Накратко, тоа е најголемата брзина што гумата може да ја поднесе за да продолжи да функционира како што треба.
Колку е поголем тој рејтинг, до толку ќе имате подобра контрола на вашето возило при поголема брзина. Рејтингот за брзина е означен со букви од A до Z и ги претставува брзините од 5 до 300 километри на час.
Ознаката на вашите гуми може да ја пронајдете на неколку места: во упатството за употреба, на отворот од резервоарот и на самите гуми.
Еве која брзина ја дозволуваат различните ознаки:
A1 – 5 км/ч
A2 – 10 км/ч
A3 – 15 км/ч
A4 – 20 км/ч
A5 – 25 км/ч
A6 – 30 км/ч
A8 – 40 км/ч
B – 50 км/ч
C – 60 км/ч
D – 65 км/ч
E – 70 км/ч
F – 80 км/ч
G – 90 км/ч
J – 100 км/ч
K – 110 км/ч
L – 120 км/ч
M – 130 км/ч
N – 140 км/ч
P – 150 км/ч
Q – 160 км/ч
R – 170 км/ч
S – 180 км/ч
T – 190 км/ч
U – 200 км/ч
H – 210 км/ч
V – 240 км/ч
W – 270 км/ч
Y – 300 км/ч