Гледање фудбал, читање книги, патување... најчестите хобија кои ги содржи едно CV. Доколку сакате да се издвоите од другите кандидати, наведете едно од овие 11 хобија во вашата кратка биографија.
Хобито е важен дел од вашата кратка биографија. На тој начин, работодавците може да дознаат многу повеќе за лицето кое аплицира за некое работно место во нивната компанија.
Според Бизнис Инсајдер, активностите кои ги правиме во слободно време можат да остават добар впечаток за нас на интервјуто за работа. Тоа е така бидејќи работодавците добиваат подобра слика за профилот на потенцијалниот вработен.
Доколку сакате да оставите добар впечаток пред идниците работодавци, наведете ги следните 11 хобија во вашата кратка биографија:
Јога
Популарните вежби кои потекнуваат од Азија помагаат да се постигне рамнотежа. Јогата ви овозможува да најдете внатрешен мир и да имате совршено тело. Ова хоби на работодавците им кажува дека дури и во стресни ситуации, знаете да останете смирени.
Екстремни спортови
Падобранство, планински велосипедизам или искачување по мраз нагласуваат дека имате силна волја. Покрај тоа, екстремните спортови се за луѓе кои се подготвени да ги поместуваат границите, имаат силна дисциплина и не се плашат од преземање ризик.
Видео продукција
Креативноста се смета за предност во секоја индустрија. Оние кои се добри во видео продукција се смета дека имаат око за детали, знаат да планираат и да интервјуираат луѓе.
Блогирање
Водењето на свој блог докажува дека сте продуктивна и креативна личност. Способноста за пишување на авторски текстови укажува на добри комуникациски вештини.
Спортови на отворено
Џогирање или други видови на спортови на отворено се, исто така, одраз на вашата силна волја. Луѓето кои се занимаваат со нив се посветени во својата работа.
Капитен на тим
Лидерските способности се покажуваат за време на интервјуто за работа. Кога сте капитен на фудбалски или одбојкарски тим, вие докажувате дека можете да ги држите уздите во ваши раце.
Планинарење
Планинарството покажува истрајност, огромна храброст и слична личност. Покрај тоа, за луѓето кои се занимаваат со ова хоби се претпоставува дека се многу добри во проценувањето на ризиците.
Градинарство
Оној кој ги негува растенијата и се грижи за својата градина, воглавно води здрав начин на живот. Оваа карактеристика е од исклучително значење во светот на бизнисот.
Фотографирање
Ова хоби открива дека сте креативна личност со око за детали. Дури и ако се занимавате со фотографирање само во слободно време, пред работодавците ќе имате епитет на трпелива личност.
Музика
Како и со спортските активности, свирењето на некој инструмент открива дисциплина и посветеност. Исто така, концентрацијата игра голема улога кај музичарите, а доколку свирите во група, се смета дека сте добар тимски играч.
Невообичаено хоби
Се што правите невообичаено, а сметате дека ќе ја подигне атрактивноста на вашата кратка биографија. Дали тоа е правење вино или дизајнирање на облека, имајте на ум дека навообичаените хобија можат да остават силен впечаток врз вашиот иден работодавач.