“Новопечените“ возачи се во грч па затоа често се сконцентрирани само на воланот и брзината и забораваат на сè останато. Луѓето кои полагаат за автомобил најчесто се под голем стрес поради новонастанатите ситуации со кои некои од нив првпат се сретнале во нивниот живот.
Возењето со автомобил е збир на комплексни работи кои го тераат човекот истиот момент да гледа, процесуира и да реагира со оглед на ситуацијата во сообаќајот. Само координација со сопственото тело понекогаш може да создаде големи проблеми кај новите возачи.
Ова се најчестите грешки на новите возачи кои ги прават во авто-школите:
1. Непочитување на сообраќајните знаци
Првата и најчеста грешка кои оние кои полагаат за возачка дозвола ја прават е секојдневно непочитување на сообраќајните знаци, а најчесто станува збор за знакот СТОП. Сообраќајните знаци ги има премногу и понекогаш поради нивната комплексност на која возачите почетници не се навикнати не го почитуваат знакот и за жал тие паѓаат на возачкиот испит.
2. Непропуштање пешак
Стрес, адреналин и сè она што на еден човек го прави нервозен го намалува неговото видно поле па затоа често се случува да кажат “не го видов“ поради тоа поголемиот дел од луѓето кои полагаат паѓаат на испит.
3. Неконтролирање мртов агол
Контрола на мртов агол е многу важна затоа што доколку ја занемарите тоа може да доведе до опасност по живот. Луѓето кои полагаат максимално се сконцентрирани на тоа што се случува исклучително пред нивниот нос. Поради тоа често забораваат да го проверат мртвиот агол кој подоцна може да ги чини со неполагање на испитот.
4. Одземање на предност
Одземање предност не е исклучителна ситуација во која се случил судар или пак тој за малку бил избегнат. Одземање предност се смета за ситуација во која возилото кое е во предност мора да успори поради вашето возило. Тоа е грешка која не се простува, па затоа тој што ќе ја направи додека го полага испитот дома ќе си оди без возачка дозвола.
5. Престројување без проверка
Освен непочитување на сообраќајните знаци еден од главните проблеми на новите возачи е престројувањето без проверка. Оваа грешка спаѓа во оние кои се помалку веројатни за време на часовите за возење затоа што инструкторите предупредуваат на тоа или пак им ја притиснуваат кочницата.