Пред да тргнете на патување информирајте се што можете да понесете со себе за да не ви бидат одземени дел од работите на аеродром
Патниците кои патуваат со авион може да бидат виновни за доцнење на летот бидејќи со себе понеле работи кои не се дозволиви па се задржани на аеродромската контрола на багаж. Владата на Британија размислува да ја забрани белата талк пудра од безбедносни причини. Ова произлегува поради поострите контроли во Австрија и Америја од безбедносни причини.
Производи како што се козметика, протеински прашок, кафе и беби пудра ќе бидат строго забранети. Патниците ќе треба да ги пријават сите состојки кои се во пудреста форма , како и гелови, течности и спрејови.
Правилата на австралиската аеродромска контрола наложуваат дека патниците нема да смеат да носат прашоци кои се потешки од 350 грама. Исто така се прави разлика помеѓу органски и неоргански прашоци. Во неоргански прашоци спаѓаат талк пудра, пуудра за стопала, детергент, некои производи за чистење и песок кои подлежат на рестрикцијата во однос на тежината.Органски производи како беби пудрата, кафето, протеиснките прашоци не подлежат на истата рестрикција но ќе мора да бидат пријавени.
Од одделението за транспорт и врски изјавуваат дека безбедноста на патниците е на прво место. Британија ги има најригорозните правила на аеродромската контрола меѓутоа тоа сепак зависи од земјата, н е секаде важат истите правила.