Врз основа на член 71в од Законот за електронските комуникации(1, Службен весник на Република Македонија" бр. 39/14, 188/14, 44/15, 193/15, 1 1/18, 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 98/1 9 и 1 53/1 9), министерот за информатичко општество и администрација го распишува следниот
За избор на 6 (шест) члена независни експери на Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК)
I. Министерот за информатичко општество и администрација распишува јавен конкурс за избор на 6 (шест) члена - независни експерти на Националната канцеларија за бродбенд компетентност (Broadband Competence Office), (во понатамошниот текст НКБК).
има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование од областа на информациско комуникациските технологии;
има најмалку десет години работно искуство во областа на информациско комуникациските технологии;
се стекнало со препорака за соодветно познавање од областа на бродбендот и ќе достави изјава заверена на нотар дека блиски лица не се вработени во оператор и дека немаат склучено договор за соработка со истиот, дека не се сопственици на удели или акции, директно или индиректно во оператори и дека не се членови на управен или надзорен орган или да вршат раководна функција во оператор.