Можно е никогаш да не сте ја забележале иако ја има на речиси сите инструмент табли на автомобилите во светот.
И да знаете за неа, тешко дека некогаш сте се запрашале за што служи малата стрелка на делот кој не информира за количината на гориво во резервоарот.
Може да биде на левата или на десната страна од симболот во облик на апарат за точење гориво. Токму таа положба ја оправдува целта на постоењето на оваа стрелка.
Таа покажува на која страна на автомобилот се наоѓа капачето од резевоарот од каде точите гориво.
Делува дека функцијата е поприлично бесмислена (кој не го знае толку својот автомобил, па да не знае од која страна се полни гориво?), меѓутоа во некои случаи знае да биде многу корисна. На пример, ако изнајмувате автомобил или возите нечија кола.