Традиционално, на кандидатите им се советува да разговараат за плата само откако понудата за работа ќе биде ставена на маса
Но, авторката на бестселерот за менаџмент и соработничка на CNBC, Сузи Велч, вели дека правилата се променети.
Според неа, во денешната економија, совршено е прифатливо да се зборува за платата однапред.
За CNBC, Велч вели дека денеска се се сведува на “едноставна економија“.
Не сите региони и индустрии се жестоки во потрагата по вработени, но во принцип, менаџерите за вработување деновиве се препотуваат да најдат добри кандидати кои ќе успеат да ги вработат.
Всушност, тоа е одлика на тесниот пазар на труд каде што работобарателите имаат големо влијание, што значи дека можете да прашате за плата и пари кога и да посакате – дури и на првото интервју.
Исто така, тоа значи дека работобарателите и менаџерите за вработување можат да се договорат порано (пред да поминат три или четири интервјуа) со цел да откријат дали очекувана плата е премногу висока или ниска во споредба со понудената.
Но, овие нови правила не значат дека лицата што бараат работа можат да кажат што сакаат – начинот на изразување, тонот и пристапот се се уште важни.
Кога следен пат ќе одите на интерву, пробајте нешто како: “Оваа работа звучи фантастично и јас сум многу возбуден/а околу тоа. Може ли само да добијам информација за опсегот на плати за да бидеме сигурни дека сме усогласени пред да продолжиме понатака?“.