Доколку и преку ноќта го оставате вашиот мобилен телефон споен на Wi – Fi,веднаш би требало да прекинете со таа пракса – доколку се грижите за вашиот смартфон. Имено, причината поради кја вашиот мобилен телефон не би требало да биде споен на интернет додека спиете е доста логична – тоа непотребно ја троши батеријата и така и нанесува трајна штета.
Сепак, доколку и во текот на ноќта сакате да бидете споени на интернетот, постои начин како можете да го намалите оштетувањето на батеријата на мобилниот телефон. Во мобилните поставки за Wi-Fi изберете ја опцијата Напреден Wi-Fi и таму, доколку мобилниот ви ја нуди таа опција, означете Wi-Fi оптимизација. Тоа би требало да ја минимализира потрошувачката на батеријата додека е вклучен Wi-Fi.
Постои и опцијата Задржи Wi-Fi во текот на мирувањето, која доколку ја вклучите ќе се погрижи вашиот мобилен да се спојува на Wi-Fi само кога е во употреба, пишува Whistle Out.