Кога Алан Фуерстман (62) одлучил да работи како портир со скратено работно време во Мериот во својот роден град, тој на тоа гледал како начин да заработи неколку долари пред да замине на колеџ. Наместо тоа, оваа работа отворила еден сосема нов пат за него.
Денес, неговата компанија за менаџирање што ја основаше во далечната 2002 година, Монтаж Интернешнл, има портфолио на хотели, одморалишта и приватни резиденции во вредност од скоро 3 милијарди долари, а само минатата година таа оствари приход од преку 400 милиони долари.
Неговата прва работа била портир во хотелот Мериот, кој се наоѓал во близина на неговиот роден крај, Њу Џерси. Како средношколец, на почетокот работел само сабота и недела, а подоцна му понудиле да работи и дополнителни часови во текот на работната недела. Неговите работни задачи биле: викање такси, товарење на багаж и чистење на снег и автомобили во текот на зимата.
Кога го завршил своето образование, бил унапреден во консиерж – работна позиција на која запознал голем број фасцинантни луѓе. Едно саботно попладне, во хотелот пристигнал човек по име Боб Смол кој заедно со својата сопруга го распрашувале Алан “Како стојат работите во оваа област“, “Како е да се работи во овој хотел“ и слично. Неколку денови подоцна, Алан дознава дека Боб Смол е новиот генерален директор и така тој го добива својот прв ментор.
Подоцна, Алан оди на колеџот Гетибург во Пенсилванија каде што дипломира на смерот политички науки и започнува да стажира за еден млад и динамичен сенатор по име Џо Бајден.
По извесно време, добил повик од Боб Смол кој на шега му рекол “Зарем навистина сакаш да бидеш адвокат целиот твој живот?“ и му понудил работа на полно работно време во неговиот нов хотел во Калифорнија.
Алан веднаш прифатил и на само 22 години научил доста работи поврзани со отворање на нов хотел, како што се: што е потребно за да го мотивирате вашиот персонал, како да одржувате постојана залиха на храна и пијалоци за време на празниците и викендите и слично. Следен чекор е тренинг програмата на Мериот со чија помош е назначен за фронт деск менаџер во Њупорт Бич хотелот на Мериот, а потоа станува и менаџер на рецепција во истоимениот хотел.
Но, Алан не се заситил само со тоа. За кратко време бил регрутиран да стане генерален директор на едно одморалиште и кантри клуб во Аризона по што директно се вклучил во развој на одморалиштето. Во 1994 година, неговата компанија добива одморалиште во Скотсдејл за 240 милиони, а тој е назначен за извршен директор. За само четири години, одморалиштето ја удвојува својата вредност и вреди скоро 500 милиони долари, а работата се одвива непречено, нивото на услугата е двојно повисоко, а гостите биле пресреќни.
Во тој момент, Алан за прв пат помислил дека можеби е време да изгради нешто свое со извонредна вредност.
Во 2002 година успева да го обезбеди потребниот капитал и во Лагуна Бич, на брегот на Јужна Калифорнија, го отвора својот прв “Платинимум хотел“. Идејата за името на брендот Монтаж Интернешнл ја добива подоцна, а останатото е историја. Денес, тој поседува осум хотели и одморалишта, а уште девет се очекува да бидат отворени до 2021 година.