Ако се направи груба споредба на трошоците за плати во ЕУ и нашата нето плата, излегува дека Данците, каде трудот на работникот најмногу се цени, за 10 часа заработуваат цела месечна македонска просечна нето-плата.
Расте цената на трудот во земјите на Европската Унија. Во првиот квартал од оваа година европската статистичка канцеларија Евростат измерила просечен годишен раст на сатницата на работниците од 2,4 проценти во земјите од еврозоната и од 2,6 проценти во сите членки на Унијата.
Расте цената на трудот во земјите на Европската Унија. Во првиот квартал од оваа година европската статистичка канцеларија Евростат измерила просечен годишен раст на сатницата на работниците од 2,4 проценти во земјите од еврозоната и од 2,6 проценти во сите членки на Унијата.
Рекордери според растот на цената на трудот пресметана на час во ЕУ се Романија, каде за една година трошоците на работодавците за работниците станале повисоки за 16 проценти и Бугарија, каде се зголемиле за 13 насто. Истовремено, единствено во Грција има мало поевтинување на работничкиот труд од 0,2 процента.
Две главни компоненти според кои Евростат ги прави пресметките за цената на трудот се платите и другите давачки за работниците. Во еврозоната во првото годинешно тримесечје платата за еден час работа пораснала за 2,5 процента, а другата компонента на цената на трудот за 2,2 процента. На ниво на ЕУ растот е 2,7 и 2,1 процент.
Во еврозоната минатата година, за кога се последните податоци на Евростат, просечната цена на трудот на час изнесувала 27,4 евра, додека во еврозоната била повисока и изнесувала 30,6 евра. Споредбата на сите 28 членки на ЕУ открива голема разлика на цената за час работа, која од земја до земја се движи од 5,4 до 43,5 евра. Најниската цена од 5,4 евра е во Бугарија, која од почетокот на годинава е втора во ЕУ според зголемувањето на трошоците за трудот. Највисоката од 43,5 евра е во Данска.
Целата статија прочитајте ја на линкот