Веќе неколку години наназад наголемо се зборува за условите за работа во Германија, предностите и недостатоците и висината на платата. За најголемиот дел од луѓето, одењето во оваа земја се сметаше за “бегство кон подобар живот“, но дали е навистина така?
Еден корисник на интернет од Србија, кој со години е во оваа земја, раскажува како всушност изгледа реалноста и вашиот работен ден кога ќе работите во една германска фабрика.
На 20-годишна возраст, отидов кај моите родители во Германија. Според тогашниот закон се уште се сметав за малолетен, а морав да служам војска. За полнолетство беа потребни 21 години. За неколку месеци ги подготвив сите документи и пронајдов работа преку оглас. Дотогаш работев на црно. Тешко ми беше да станам во 4:30 часот, но се навикнав на тоа. Таму се работи од 6 часот наутро, раскажува работникот.
Тој напоменува дека ако дојдете на работа во 5:50 часот веќе е доцна.
Не можете да направите ништо, нути да смените облека, ниту да пиете кафе. Во 6 часот и 1 минута машините работат како да е 10:00 часот. Од 08:55 до 09:00 се мијат раце, а од 09:00 до 09:100 трае доручекот. Времето за појадок паѓа на товар на работодавачот. Во 11:55 повторно се мијат рацете и во 12:00 часот се оди на ручек. Паузата трае до 12:30 и потоа се враќате назад на работа. Во текот на работата некогаш немате време ниту да се напиете вода, а ако сакате да одите во тоалет потребно е да го повикате бригадирот за да ве замени, напоменува работникот.
Според него, тој што не е подготвен да се навикне на ваква работна дисциплина, подобро да си остане во својата земја.
Условите за работа се одлични – иста температура и во лето и во зима. Прекувремената работа се доплаќа и се најавува неколку денови однапред. Истата не е задолжителна. Кога се работи – се работи, а кога одиш дома – никој од работа не те вознемирува, заклучува тој.