Милијардерот Џек Ма, кој долго време е главен поборник на екстремната кинеска работна култура, вели дека луѓето би требало да бидат во можност да работат само 12 часа неделно благодарение на придобивките од вештачката интелигенција.
Луѓето би можеле да работат само три дена во неделата, четири часа на ден со помош на напредокот на технологијата и реформата на образованиот систем, изјави ко-основачот на Alibaba Grоup Holding на глобална конференција за вештачка интелигенција одржaна во Шангај, а објави њујоршката агенција Bloomberg.
Џек Ма на сцената разговараше со Илон Маск, извршен директор на американската компанија Tesla, која гради производствени капацитети во тој град.
Ма ја наведе електричната енергија како пример како развојот на технологијата може да обезбеди простор за слободно време.
Силата на електричната енергија е тоа што им дава на луѓето повеќе време за да можете да одат на караоке или на танц. „Мислам дека луѓето заради вештачката интелигенција ќе имаат уште повеќе време да уживаат во животот“, изјави Ма.
Во наредните 10, 20 години, секое човечко суштество, држава, влада би требало да се фокусира на реформа на образовниот систем, осигурувајќи дека нашите деца ќе можат да најдат работа, работа што трае само три дена во неделата, четири часа на ден, изјави Ма.
Ако не го промениме образовниот систем во којшто се наоѓаме, сите ќе се најдеме во проблем, предупреди тој.