Лошо е ако навистина сте изненадени со таа одлука, сте сакале да останете на тоа работно место или како што често се случува, поради економска криза, морате да заминете поради намалувањето на бројот на работни места во компанијата.
Добро е ако ионака сте биле несреќни на работа, можеби сте и огорчени или веќе некое време сте барале начин како да заминете на друго работно место, каде нема да ја одбројувате секоја минута до крајот на работното време.
Fast Company советува дека во секој случај, и без оглед која е причината што сте останале без работа, да си дадете време, и тоа за овие два чекори:
1. Разговарајте со лицето кое ви дало отказ
Откако ќе добиеме отказ, првиот рефлекс ни е да ја залупиме вратата зад себе и повеќе да не се вртиме назад, понекогаш дури и буквано. Но, како што вели старата изрека „не ги палете мостовите зад себе, никогаш не знаете дали некогаш повторно ќе треба да прејдете преку нив.“
Така и во работата. Обидете се да договорите состанок со лицето кое проценило дека не сте веќе потребни за тоа работно место или компанија. Така ќе можете да ги дознаете причините поради кои треба да заминете, што добро ќе ви дојде за идниот разговор за работа кога ќе ве прашаат за тоа. Исто така, ќе знаете што уште можете да научите за дополнително да се едуцирате. Неуспехот е неуспех само ако не го искористиме за некој иден напредок.
2. Немојте веднаш да барате нова работа
Не морате веднаш да испратите десет CV-а откако ќе пристигнете дома. Ако можете да си дозволите, почекајте барем еден месец или два за да се вратите „во акција“. На тој начин возбудата ќе спласне, нервозата ќе помине, а и вие можеби ќе пронајдете подобра прилика отколку веднаш да ја прифатите првопонудената.
Како заклучок, секако обидете се отказот од работа да го прифатите како нешто нормално, кое им се случува на многумина, без оглед чија е вината или кој е проблемот.