This morning we cut the ribbon on the new @GravityPymts Boise office AND announced that all of our employees here will start earning our $70k min salary.
I’m so grateful to work with this amazing team and to be able to compensate them for the value they bring to our community.
Веројатно се сеќавате на извршниот директор на една американска компанија кој пред 4 години си ја намали платата за да може да ја зголеми платата на работниците на 70.000 долари.
Ден Прајс, шеф на “Gravity Payments” од Сиетл – повторно го направил тоа оваа година.
Прајс рекол дека сите работници во новата канцеларија “Boise”, до 2024 година ќе заработат плата од 70.000 долари.
“Утрово ја пресековме лентата во новата канцеларија и објавивме дека нашите работници тука ќе започнат да заработуваат 70.000 долари”, напишал Прајс на Твитер.
“Благодарен сум што работам со овој неверојатен тим”, додал тој.
Канцеларијата “Boise” претходно била независна компанија која се нарекувала “ChargeItPro”, а “Gravity”, компанијата за обработка за кредитни картички, ја купила како филијала пред три години.
Во 2015 година, Ден одлучил да ја зголеми платата на своите работници. Тој рекол дека дополнителните приходи можат значајно да влијаат на емоционалната благосостојба на работниците. Тогаш донел одлука да ги зголеми платите на сите свои 120 вработени во Сиетл, така што им ја покачил платата на 70.000 долари, но си ја намалил својата за да може да го оствари тоа.
Ваквиот потег ги удвоил платите на околу 30 работници, а поради тоа сите му предвидувале брз пропаст. Меѓутоа, се случило токму спротивното – во првите неколку месеци од својата неверојатна одлука, директорот имал проблеми, но потоа следела тотална преродба.
Откако ја донел оваа одлука која го шокираше целиот свет, тој морал да ја изнајмува својата куќа за да добие дополнителни приходи за приватните трошоци. Меѓутоа, неговата неверојатна несебичност се исплатела бидејќи профитот на компанијата се удвоил.
Со ваквата постапка, Ден подоцна инспирирал уште неколку деловни лидери да го направат истото.