Вашата биографија е првата можност да направите одличен прв впечаток. Според истражувањата доволни се 20 секунди за некој да ве оцени врз основа на вашето CV.
Ова значи дека секој збор во вашата биографија може да ви помогне да бидете забележани или да направи да станете непосакуван кандидат.
Многу е важно да ги одберете правите зборови како би можеле веднаш да се истакнете и да бидете повикани на интервју. Постојат одредени зборови кои докажано имаат позитивен ефект врз оној кој го чита вашето CV.
Нареден пат кога ќе аплицирате за работа, добро би било да ги знаете 7-те зборови кои ќе ви донесат можност лично да се сретнете со потенцијалните работодавачи:
Постигнување
Работодавачите сакаат да знаат што можете да и понудите на фирмата. Со помош на вклучување на овој збор вие покажувате дека сте способни да постигнете слични успеси и во нивната компанија.
Подобрување
Овој збор покажува дека сте направиле некаква позитивна разлика во претходната компанија. Преку давање на директен пример вие нема само да презентирате што сте постигнале, туку ќе ги покажете и вештините што сте ги користеле за да дојдете до таа позитивна промена.
Управување
Ова е особено важен збор што треба да се вклучи во вашата биографија доколку аплицирате за менаџерска позиција. Најдобро ќе биде доколку го спомнете бројот на луѓе со кои успешно сте менаџирале. Ова ќе ви биде од голема корист доколку станува збор за голема бројка.
Создавање
Овој збор значи дека сте способни да направите многу повеќе од тоа само да следите упатства. Тоа значи дека можете да креирате и на тој начин да придонесете за компанијата. На овој начин вие ќе ја покажете вашата независнот, иницијатива и оригиналност.
Решавање
Работодавачите сакаат да ангажираат кандидати кои можат да препознаат проблем и да помогнат во негово решавање. Користете го овој збор доколку аплицирате за раководна позиција.
Влијателност
Сите сакаат кандидати кои се способни да имаат влијание и ги охрабруваат останатите вработени. Зборот "влијателност" ги демонстрира вашите постигнувања и притоа ви ги истакнува лидерските способности.
Идеи
Добро е во вашата биографија да вклучите примери од тоа кога сте развиле одредена идеја, неовисно дали самостојно или како дел од тимот. Ова е совршен начин да ја презентирате вашата креативност и иновативност и вооедно да покажете дека сте човек кој е способен да донесе нови и свежи решенија.