Од утре ќе бидат пуштени во промет првите полимерни банкноти во Македонија, со апоенска вредност од 10 и 50 денари. Со ова Македонија станува една од државите чијашто централна банка има започнато процес на полимеризација на банкнотите на националната валута.
Книжните банкноти од 10 и 50 денари повеќе нема да се користат како средство за плаќање, но во рок од една година можат да се заменат во банките за полимерни банкноти или ковани монети.
Доколку поседувате вакви банкноти и по 15 мај, истите ќе може бесплатно да ги замените за други банкноти или ковани монети во еквивалентен износ.
Од 15 месецов, се до 15 мај следната година, ќе може да ја извршите замената во сите деловни банки во Република Македонија.
Доколку и по 16 мај следната година поседувате стари банкноти, истите ќе може да ги замените само во НБРМ.