Vrabotuvanje.com од 16-ти до 23-ти октомври организира онлајн саем “Виртуелни денови за вработување 2019“ кој ќе ви ги отвори вратите за вработување во најатрактивните компании од земјава и регионот.
Без оглед на тоа дали барате нова работа или можност за прво вработување, не пропуштајте ја шансата за бидете дел од првиот онлајн саем за работни места во најголемите компании од Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина.
На виртуелниот саем кој се отвора вечерва на полноќ ќе може да му пристапите од вашиот телефон, таблет или компјутер со клик на веб страната www.denovizavrabotuvanje.mk.
Од 16-ти па се до 23-ти октомври ќе имате можност во секое време од денот да ги посетувате виртуелните штандови на компаниите каде ќе може да аплицирате на атрактивни огласи за вработување, да разговарате со вашиот потенцијален работодавач и да пронајдете работа во согласност со вашите преференции.
Освен тоа, сите учесници на саемот имаат можност да учествуваат во виртуелниот настан “Лов на богатство“ кој може да им донесе вредни награди, како што се: iPhone X 64 GB, Лаптоп LENOVO V130, Електричен тротинет XIAOMI M365 и Спортски часовник HUAWEI GT Active.
Дел од компаниите чиишто штандови ќе може да ги посетите се: А1 Македонија, Кроациа Осигурување, Teleperformance, НЛБ Банка, Македонски Телеком, Van Hool, Apave, Asseco, Kromberg & Schubert, Lactalis, Marquardt, Нелт СТ, Kessler и Parkland Hospitality Group.
Се гледаме од 16-ти до 23-ти октомври на www.denovizavrabotuvanje.mk