![Освој iPhone 10, Lenovo лаптоп, електричен тротинет или спортски часовник](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/f2/63e5742f-resize-820x0x100.jpg)
Виртуелни денови за вработување 2019, како прв онлајн саем за работни места во Македонија, покрај бројните штандови на изложувачи со голем број отворени позиции ви нуди и можност да освоите iPhone X 64 GB, лаптоп LENOVO V130, електричен тротинет XIAOMI M365 и спортски часовник HUAWEI GT Active – потребно е да направите само една работа!
Во среда, точно на полноќ, ќе се спушти завесата на овогодинешното издание на Виртуелни денови за вработување 2019 - најголем регионален собир на работодавци со широк спектар на слободни работни места и работобаратели кои се во потрага по својата работа од соништата.
Но, тоа не е се!
Сите посетители на саемот кој се одржува на веб страната www.denovizavrabotuvanje.mk можат да учествуваат во Лов на богатство и да станат потенцијални добитници на вредни награди. Се прашувате што треба да направите? Одговорот е едноставен...
Кликнете на www.denovizavrabotuvanje.mk и секојдневно посетувајте ги штандовите на работодавачите, широко отворете ги очите и истражувајте. Исто како да барате вистинско богатство... Во моментот кога на штандот на изложувачот (или околу него) ќе се појави иконата за награда, кликнете на неа и дајте го најкреативниот одговор на прашањето “Во какви компании вработените не го мразат понеделник?“.
Најкреативните ги очекуваат вредни награди:
- iPhone X 64 GB, Space Grey,
- LENOVO V130 лаптоп,
- Електричен тротинет XIAOMI M365
- Спортски часовник HUAWEI GT Active
Вреди да се обидете, зарем не? Ве очекуваме на www.denovizavrabotuvanje.mk.