Акцијата која што започна на 02.04 и требаше да трае до 15.05 за плаќање на заостанат долг на рати и без камати, поради голем интерес од страна на граѓаните се продолжува до 29.05.2018 година, соопштија од ЈП Водовод и канализација, од каде велат дека со оваа одлука сакаат да им излезат во пресрет на сите корисници.
Корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои имаат заостанат долг за вода (по основ на тужени сметки и редовени сметки) ќе имаат можност да го платат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање.
Физичките лица и правни лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот.