Новите полицајци ќе бидат ангажирани од 1 јуни, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Почитувани кандидати за полицајци од генерацијата 2017/18 година, ве известуваме дека од 1 јуни 2018 година ќе почне вашиот професионален ангажман во Министерството за внатрешни работи како приправници. За таа цел веќе се обезбедени новите полициски униформи“, се вели во соопштението што попладнево пристигна од МВР.