Кои програмски јазици се најбарани од работодавците? Ова е одлично (и витално) прашање за сите ИТ професионалци и почетници, а особено за оние кои сакаат да ги искористат своите вештини за да дојдат до високо платена работа.
За среќа, компанијата Burning Glass подготви листа од 7 програмски јазици кои се најбарани од страна на работодавците кои се во потрага по ИТ кадри.
Листата е направена врз основа на податоци од милиони огласи за вработување така што може да ја третираме како прилично сеопфатна (иако, како и со секоја масивна база на податоци, секогаш постои потенцијал за грешки).
Според Burning Glass, работодавците бараат професионалци кои се специјализирани во некои од најшироко користените програмски јазици на пазарот денес, како што се:
- SQL – 196.042 огласи за работа
- Java – 167.356 огласи за работа
- JavaScript – 117.722 огласи за работа
- Python – 109.728 огласи за работа
- C# - 70.932 огласи за работа
- C++ - 50.356 огласи за работа
- .NET – 46.846 огласи за работа
Од Burning Glass велат дека особено вреди да се обрне внимание на Python бидејќи станува се попопуларен програмски јазик за општа примена.
Најновите огласи, вести и совети за барање работа следете ги и на Vrabotuvanje.com Linkedin профилот!