Народниот правобранител на Босна и Херцеговина ја поддржа иницијативата на синдикатите да се забрани работа во недела на деловните субјекти чија работа не е неопходна, што првенствено се однесува на работењето на трговските центри.
Од канцеларијата на народниот правобранител велат дека забраната за работа во недела ќе биде чекор кон подобрување на правата на работниците, создавање на подобри услови за работа и поцелосно остварување на правото на одмор и семеен живот.
Одтаму, исто така, посочуваат дека ваквата практика е правило, а не исклучок, во развиените европски земји.
Реакцијата на народниот правобранител доаѓа откако во земајта се разви дебата за потреба од реформа на законот за работни односи која треба да биде во согласност со барањата на пазарната економија, но во исто време да се зајакнат гаранциите дека работниците нема да бидат повредени во поглед на остварување на нивните права кои произлегуваат од работниот однос.
Од земјите во регионот, само Црна Гора се осмели да изгласа закон според кој недела е неработен ден за дел од вработените во секторот трговија.
Најновите огласи, вести и совети за барање работа следете ги и на Vrabotuvanje.com Linkedin профилот!