Работното време е една од работите на кои тешко може да се навикнете откако ќе започнете да работите, а веруваме дека повеќе луѓе работат се подолго и подолго во текот на својот работен век, иако тоа треба да се намали.
Иако сѐ уште е незамисливо да се работи само четири часа на ден, експертите сметаат дека ова воопшто не е лоша идеја.
Покрај тоа, тие велат дека во овој случај, луѓето би го дале својот максимум на работа и би имале подобар приватен живот.
Подеднакво, компаниите би заштедиле на греење, електрична енергија и други трошоци кои ги прават за да им овозможат услови за работа на своите вработени.
Бројките покажуваат дека еден просечен вработен е продуктивен нешто помалу од половина од своето работно време. Остатокот од времето вработениот е само делумно сконцентриран и целата работа се сведува на пополнување време, пишува Quartz.
Принудното седење пред монитор со часови не само што е лошо за човековото здравје, туку и за целиот деловен систем во иднина.
Вработениот нема да биде попродуктивен со тоа што подолго време ќе седи пред компјутер. Уште во 1932 година, филозофот Бертранд Расел се залагал за четиричасовно работно време.
Модерниот човек стана до толку оптоварен со својата работа што заборави како да забави. Токму затоа секојдневно се слушаме како велиме дека немаме време, а реалноста е дека нашето време го трошиме непродуктивно.
Придобивките од работата со скратено работно време се повеќекратни – како за вработените, така и за работодавците: помалку боледувања, пониски трошоци за компанијата, подобар баланс помеѓу приватниот и деловниот живот и, на крај, најважното, задоволен и здрав вработен.
Задоволниот вработен не само што ќе биде покреативен и попродуктивен, туку и ќе биде посветен и лојален на компанијата за која работи.
Дополнителен плус за економијата е тоа што ваквото работно време би значело и повеќе работни места.
Што вие мислите за четиричасовното работно време?
Најновите огласи, вести и совети за барање работа следете ги и на Vrabotuvanje.com Linkedin профилот!