Кога ги оставате цигарите потребно е време организмот да се исчисти од годините на пушење.
Брз и здрав начин за пушачите да го исчистат телото од никотин е да јадат што е можно повеќе здрави намирници.
Зелен чај
Со пушењето телото ја губи потребната течност и организмот многу побрзо доаѓа до состојба на дехидратација. Пиење голема количина домашна витаминска вода: два литри вода со лажичка рендан ѓумбир, една краставица, лимон и 12 лисја нане, и зелениот чај полн со антиоксиданти го чисти никотинот од телото.
Морков
Никотинот ја уништува кожата и ја прави безживотна и сува. Ако сакате да се ослободите од овие грди несакани ефекти од пушењето јадете што повеќе моркови. Тие содржат големи количини на витамини А, К, Ц и Б кои се главни чистачи на телото. Морковот исцедете го во соковник измешан со јаболко и лимон или ставете го во салата.
Спанаќ
Фолната киселина е многу важна за нормална работа на телото и развој на телото, но исто така му помага на телото да се ослободи од никотин. Големи количини на фолна киселина се наоѓаат во спанаќот.
Брокула, прокељ и зелка
Освен што овие зеленчуци содржат полифеноли кои се покажаа корисни во намалувањето на разни воспаленија во дигестивниот систем, исто така содржат и антиоксиданти кои го чистат организмот од бројни токсини. Гответе ги колку што е можно пократко за да ги зачувате сите нивни квалитети.
Киви, лимон и портокал
Покрај водата, никотинот од телото ги елиминира и витамините А, Ц и Е кои го зајакнуваат имунитетот и му помагаат на организмот да се бори против разни инфекции и бактерии. За да ги надоместите изгубените витамини посегнете по киви или пак испијте чаша лимонада. Сокот од портокал го хидрира телото, му ги обезбедува потребните витамини, но и го чисти организмот од никотин. Исцедете два портокали, додадете малку вода и пијте помеѓу оброците.